Пријавите за ДДВ од големите обврзници ќе се примаат само електронски

Bez autora
Oct 09 2012

Големите даночни обврзници од 1 јануари идната година пријавите за ДДВ во Управата за јавни приходи ќе ги испраќаат исклучиво електронски. Тоа се обврзниците кои прават годишен промет над 25 милиони денари и ДДВ пријавуваат секој месец. Фирмите со годишен промет над два милиони денари, кои ДДВ пријавуваат на три месеци, обврската за електронско пријавување ја добиваат од 1 јули наредната година. Од УЈП потенцираат дека по тие датуми веќе нема да се примаат даночни пријави во хартиена форма и доколку не се исполни законската обврска за електронско пријавување, ќе се смета дека обврзникот не пријавил данок. Едномесечните и тримесечните обврзници за ДДВ електронски ќе мора да ги поднесуваат и даночните биланси за данокот на добивка.

Пријавите за ДДВ од големите обврзници ќе се примаат само електронскиГолемите даночни обврзници од 1 јануари идната година пријавите за ДДВ во Управата за јавни приходи ќе ги испраќаат исклучиво електронски.

Тоа се обврзниците кои прават годишен промет над 25 милиони денари и ДДВ пријавуваат секој месец. Фирмите со годишен промет над два милиони денари, кои ДДВ пријавуваат на три месеци, обврската за електронско пријавување ја добиваат од 1 јули наредната година.

Од УЈП потенцираат дека по тие датуми веќе нема да се примаат даночни пријави во хартиена форма и доколку не се исполни законската обврска за електронско пријавување, ќе се смета дека обврзникот не пријавил данок. Едномесечните и тримесечните обврзници за ДДВ електронски ќе мора да ги поднесуваат и даночните биланси за данокот на добивка.

За да се исполни оваа законска обврска, мора да се има интернет врска, електронска пошта и дигитален сертификат со УСБ токен, издаден од овластена куќа. Засега, за издавање на сертификати овластени се КИБС и Македонски телеком. Цената на сертификатот и на токенот изнесува околу 3.000 денари, но, како што објаснува Мухедин Авдиќ, директор на Секторот за услуги на даночни обврзници во УЈП, трошокот за набавка на сертификат и на токен можат да ја избегнат фирмите кои користат услуги на сметководствена канцеларија, бидејќи сметководителот со еден токен може да ги поднесе пријавите за сите фирми за кои работи.

За да се подготват фирмите и сметководителите за новиот начин на поднесување на даночните пријави, УЈП во наредните три месеци ќе организира обуки. Голем дел од фирмите веќе се во тек и го применуваат новиот начин на пријавување, кој е овозможен од 2006 година, но сега станува законска обврска.

Од вкупно 4.586 месечни обврзници за ДДВ поголемиот дел, или 2.967 се веќе регистрирани за е-даноци. Од 18.016 тримесечни обврзници за е-даноци се регистрирани 8.870. Од УЈП и на едните и на другите, без разлика на роковите им советуваат уште сега да се регистрираат и да почнат електронски да ги поднесуваат пријавите, за што поскоро да се отстранат сите пропусти и проблеми. Месечните и тримесечните обврзници кои се регистрирани за е-даноци имаат обврска да мигрираат кон новиот систем на УЈП, кој според одговорните во Управата е посовршен од претходниот и има капацитет да прими голем број пријави, дури и во ситуација кога сите обврзници би ги поднеле во ист ден.

Годишните обврзници за ДДВ, кои ги има вкупно 12.394, се уште не се законски обврзани за електронско пријавување данок, но 4.679 од нив веќе го прават тоа. Не е воведена ни обврската за електронско пријавување за граѓаните, но и тие од февруари годинава годишните даночни пријави за персонален данок на доход можат да ги поднесуваат преку компјутер, без да чекаат на шалтер. Досега 80 граѓани ја искористиле оваа поволност.

- Бенефитите од овој систем за даночните обврзници се 24 часа во текот на седум дена да можат да поднесуваат даночни пријави, се намалуваат административните трошоци, нивните финансиски трошоци за доаѓање до Управата и поднесување во хартиена форма. Освен тоа, обврзниците ќе можат, покрај даночните пријави, да поднесуваат електронски налози за пријавување на даночните обврски, ќе имаат постојана комуникација со УЈП и, за сите услуги кои што Управата ги дава, даночните обврзници ќе можат во електронска форма да поднесат барање, пријава и друг поднесок - објаснува Авдиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik